Полицискиот час ќе продолжи уште една недела? Одлучува Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести денеска ќе оддржи состанок на кој треба да се одлучи дали ќе има продолжување на рестриктивните мерки или пак ќе има заострување.

Пакетот рестриктивни мерки кој беше донесен пред две недели вaжи до 20 април, меѓутоа утре претставници од министерството за здравство меѓу кои и министерот Венко Филипче ќе заминат во Белград во работна посета на институтот „Торлак“, за во идниниа да биде наш стратешки партнер.

Третиот бран на коронавирусот придонесе до зголемување на бројот на новозаразени, преполни болници и починати поради што беше донесена одлука за затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.

Во овој период здравствениот систем беше оптоварен со голем број на хоспитализирани лица, па беа отворени и неколку нови модуларни болници.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!