Од Ковид-19 почина заразеното бебе старо само 9 дена

Девет дена старо новороденче, кое било заразено од опасниот ковид, починало во детската клиника Тирсова во Белград.

Бебенцето било донесено во тешка состојба, а тестоивите покажале дека е заразено од коронавирус.

Врз бебето кое беше поставено на респиратор, биле извршени сите терапевтски процедури за третнман на неонатална инфекција.

Според медиумите, додека траел третманот поради развој на мултисистемска инсуфициенција на сите органи, новороденчето се пренесува на Детската универзитетска клиника во Тирсова, во придружба на лекар, поради континуиран третман, кој вклучува замена на бубрежната функција и третман на респираторен дистрес и секундарна пулмонална хипертензија во неонаталната единица за интензивна нега.

„Нема подобрување во применетата терапија за време на третманот,ситуацијата се влошува, што доведува до смрт на бебето“, се наведува во соопштението.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!