Д-р Логар: Ризикот од тромб е МНОГУ ПОГОЛЕМ кај оние кои прележале Ковид-19 отколку кај вакцинираните

Опасноста од згрутчување на крвта кај луѓето кои прележале ковид-19 е далеку поголема отколку кај вакцинираните против оваа болест, рече водечкиот словенечки епидемиолог Матеја Логар, кој го предводи стручниот совет на словенечката влада, пренесува Индекс.хр.

Додека следењето на вакцините покажа дека ризикот од развој на згрутчување на крвта што може да предизвика венска тромбоза или белодробна емболија со вакцината АстраЗенека е многу мал, или еден случај на милион вакцинирани, во Словенија сериозни тромбоемболиски компликации се јавуваат кај приближно една четвртина од пациентите третирани за ковид 19 во единиците за интензивна нега на словенечките болници, рече Логар.

Таа на прес-конференција одговори на прашање во врска со недовербата создадена во јавноста во врска со вакцинацијата со вакцината на британско-шведската компанија, поради што дел од купените вакцини се уште остануваат неискористени.

„Ова значи дека околу 40 пациенти со ковид, од оние 153 кои се моментално во словенечките болници, можат да сметаат на тој ризик“, објасни Логар пред новинарите.

Таа смета дека од самиот почеток се направени голем број недостатоци во комуникацијата со јавноста во промовирањето на вакцината АстраЗенека, иако е прогласена за безбедна и ефикасна од Европската агенција за лекови.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!