Дарко Тодоровски: Бајден и „аферата“ Украина

Дарко Тодоровски – автор на текстот

Ставовите изразени во статијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на редакцијата на Читај.мк

Украина денес е светска тема број еден, и околу неа се кршат копјата и интересите на САД и Западот од една страна и Русија од друга страна. Не е исклучена ескалација на конфликтот кој што може да прерасне во голема европска војна.

По 6 години затишје и мирување, Југоисточна Украина (Донбас) повторно станува светско кризно жариште број еден. Новиот пораст на тензиите и разгорувањето на кризата одговара со времето на изборот и стапувањето на должност на Џо Бајден за претседател на Соединетите држави. За многумина „Мајден револуцијата“ во Украина 2014 година е личен проект на Џозеф Бајден и Викторија Нуланд со геостратешка позадина, а тоа е геостратешка изолација и здржување на Русија. За време и после „Мајден револуцијата“ Бајден пет пати ја посетува Украина, и врши директен притисок и го принудува тогашниот корумпиран претседател Јанукович и неговиот режим да направат отстапки во однос на демонстрантите, што во рок од неколку дена доведе до пад на режимот на Јануковиќ кој што беше принуден да избега во Русија.

Игор Дамјановиќ

Во ексклузивниот документар филм на српски јазик „Како Бајденови ја ограбија Украина “ во продукција на новинарот од Црна Гора Игор Дамјановиќ, кој што беше ексклузивно прикажан 18-ти април 2021 година на сајтот INS4, гледачите имаа можност да видат некои официјални документи и да ги слушнат прислушуваните телефонски разговори наводно помеѓу Џозеф Бајден и тогашниот претседател на Украина Петро Порошенко, како и помеѓу тогашниот шеф на Стејт департментот Џон Кери со Петро Порошенко.

Како основа на документарениот филм земени се преслушуваните телефонски разговори кои што во мај 2020 година во Киев ги објави Андреј Деркач, тогашен пратеник во Врховната Рада на Украина, како и низа официјални документи од обвинителството на Летонија, како и сведочењата на двајца бивши украински Генерални обвинители Шокин и Луценко, кои беа сменети поради истрагата околу холдингот Бурисма. Шокин беше сменет од страна на Порошенко под притисок на Бајден и Кери, а Луценко беше сменет од страна на Зелински под притисок на Трамп.

И Шокин и Луценко изјавуваат дека врз нив биле вршени индиректни притисоци од страна на Амбасадорите на САД во Украина, Џефри Пајет (2013-2016), и од наследничката на Пајет, амбасадорката Марија Јовановиќ (2016-2019).

Јовановиќ активно ја попречуваше соработката меѓу судските органи на Украина и Соединетите држави во врска со случајот Бурисма, и Јовановиќ вршела индиректен притисок врз Луценко, човек поставен од Порошенко, да не се продолжи истрагата околу случајот со финансиската пирамида, преку која што олигарси близки до Јанукович преку холдингот Бурисма користејќи го американскиот финансиски фонд Franklin Templeton испрале 7 милијарди долари и потоа ги инвестирале во украинската економија.

-Прво, во декември 2015 година, државниот секретар на САД Џон Кери во аудиоснимката наводно му предложил на украинскиот претседател Порошенко „да ја разгледа можноста“ да го замени Шокин, кој „ја блокираше реформата на прочистувањето на канцеларијата на генералниот обвинител“. Кери се повикува на „загриженоста“ на Бајден .


-Во аудиоснимката која што датира од март 2016 година, четири дена пред Шокин да биде сменет од парламентот, Бајден во аудиоснимката му вели на Порошенко „Во случај да имате нова влада и нов Генерален обвинител, јас сум подготвен јавно да ги потпишам документите за позајмица од една милијарда долари“.

-После смената на Шокин Порошенко во телефонски разговор му вели на Бајден „Ако сметате дека политички мотивирана личност не е соодветна од ваша гледна точка, јас го повлекувам мојот предлог. Никој не знае дека ќе го предложам Луценко на позицијата Генерален обвинител на Украина“.

-Шокин кој ги истражуваше незаконските активности на нафтениот и гасен холдинг „Бурисма“, во која што од 2014 до 2019 година во управниот одбор беше Хантер Бајден, синот на претседателот Бајден беше сменет од позицијата Генерален обвинител, а Украина ја доби позајмицата од една милијарда долари.

-Во интервјуто од 6-ти април 2021 година за Би-Би-Си, Хантер Бајден призна дека името на неговиот татко „му отворило врати што не се отвораат за другите“, но го опиша сето тоа како привилегија и товар. Во истото интервју Хантер Бајден призна дека се борел против зависноста од дрога и алкохол .

Во филмот е презентиран и официјален документ од февруари 2016 година издаден од Обвинителството на Латвија, кое што се однесува на перењето на пари од Украина. Во документот е наведено „Спрема достапните информации холдингот Бурисма и нејзиниот директор Хантер Бајден се вмешани во корупциска афера.

Од јули 2012 до јули 2015 година, 14,7 милиони долари се префрлени од сметките на холдингот Бурисма на сметките на Хантер Бајден и неговиот пријател Девон Арчер, како и други луѓе.“ Со помош и со учество на Хантер Бајден, преку компанијата „Бурисма“ од Украина преку Летонија, Кипар и други офшор зони биле испрани голема сума на валкани пари, и била користена компанијата Rosemont Seneca Bobai која што Хантер Бајден и Девон Арчер ја основале во 2009 година.

Основач и мнозински сопственик на холдингот Бурисма е контроверзниот Николај Злочевски (министер за екологија 2010-2012 година во време на владеењето на Јанукович) против кого се водат или биле водени 11 кривични дела и постапки во 5 различни држави. Злочевски и неговиот холдинг Бурисма денес поседуваат 33% од наоѓалиштата со гас во Украина.

Против Злочевски е водена постапка во Велика Британија поради сомневање за перење на пари. Независно од криминалната позадина на Злочевски, веднаш после „Мајден револуцијата“, Хантер Бајден влегува во бордот на директори на холдингот Бурисма.

-Украина или поточно “Ukrainegate” и вмешаноста на синот на Бајден, Хантер Бајден во наводни криминални активности, како и заштитата која што му ја овозможил татко му Џозеф Бајден, беа дел и тема од предизборната кампања во САД во 2020 година.“

„Личниот адвокат на Доналд Трамп, Руди Џулијани лично ја водеше истрагата за целиот случај околу вмешаноста на Хантер и Џозеф Бајден во Украина, и Џулијани во безброј наврати го обвинуваше Хантер Бајден за криминални активности и перење на пари во Украина, Џулијани никогаш не достави докази за тоа.“

„Од страна на демократите поради “Ukrainegate” беше покренат неуспешен обид за импичмент на тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, поради неговите обиди по секоја цена да го принуди претседателот на Украина Зелински да започне официјална истрага против компанијата „Бурисма“ и Хантер Бајден, како и на врските помеѓу Бајден и Украина, со цел дискредитација на Бајден пред изборите во 2020 година.“

„На 10 септември 2020 година, Министерството за финансии на САД го санкционираше Деркач „за обид да влијае на изборниот процес во САД“, истовремено обвинувајќи дека Деркач „бил активен руски агент повеќе од една деценија, одржувајќи блиски врски со руските разузнавачки служби“.

-Во моментот во Украина против Порошенко се води судска постапка во врска со случајот “Ukrainegate”, поради сомневање дека истиот ја поставил Украина во подредена положба.

-Од една страна случајот “Ukrainegate” кој што никогаш не беше доведен до крај и не доби судска завршница наликува на теорија на заговор, но од друга страна преслушуваните разговори, скандалот во САД и обидот за импичмент на Трамп, како и разните официјални документи, насилната смена на двајца Генерални обвинители на Украина со цел да не се дозволи истрагата за “Ukrainegate” да биде доведена до крај, оставаат сомнежи дека Хантер Бајден бил вмешан во криминал, и дека татко му Џозеф Бајден за да го заштити на крајот го заташка целиот случај. Останува на вас да изберете во што ќе верувате.

Пишува: Дарко Тодоровски

Коментари

коментари

error: Content is protected !!