ОЖАЛОСТЕНА МАЈКА ЗА ПОЧИНАТАТА ЌЕРКА: По 40.000км и 22 рочишта СУДСКА РАЗРЕШНИЦА НЕМА – ПРАВДАТА ЌЕ ЈА БАРА ДО КРАЈ

За 5 години Здравка Колева поминала 40 000 километри, потрошила 10 000 евра, била на 22 рочишта а случајот со починатата керка е на почеток.

Предолг е патот на правдата во Македонија за кочананката Здравка Колева која пред 5 години во сообракјана несрека ја загуби 21 годишната керка Наталија.

Предолг е патот на правдата во Македонија за кочанчанката Здравка Колева, која пред 5 години во сообраќајна несреќа ја загуби 21 годишната ќерка Наталија.

Трагедијата за семејството Колеви се случила на патот Кочани – Зрновци, летото кога нивната ќерка Наталија, посакала да се врати во родната земја.

-Се работи за сообраќајна несреќа која се случи на 29 октомври 2015 година, на патот Зрновци – Кочани. Мотор удира во трактор, мојата ќерка беше сопатник со моторот и имаше тешки повреди. Таа беше во Скопје на Карил 72 дена, потоа ние со лични средства девојчето го пренесовме во Италија на лекување. Но поради повредите, таа на 20-ти април замина на другиот свет. Не напушти со тажно срце, но правдата ќе ја бараме до крај – вели низ солзи мајката Здравка.

По смртта на нејзината ќерка, засекогаш ожалостената мајка Здравка тргнува по долгиот пат на правдата барајќи судска разрешница и казна за предизвикувачот на кобната несреќа.

Но и по 5 години предметот е на почеток.

-Јас денес сум пред камерите за да го искажам мојот револт поради тоа што сакам судството во Македонија да преземе поголема ажурност за сите судски процеси. Нашиот процес е веќе 5 години, откако јас го загубив моето дете во сообраќајна несреќа. После 6 месеци откако беше повредена, замина и уште немаме никаква разрешница. Јас сум горда мајка затоа што ја имав нејзе и ќе барам правда. – вели Здравка.

На прашањето уште колку ќе чекаат за пресудата таа вели: Досега уште немаме никаква пресуда и не знам уште колку ќе ја чекаме.

Последното рочиште било откажано.

-Денес ни кажаа дека судијката е на боледување, можело и претходно да бидеме известени. Иако сум 1600 километри одалечена, јас на секое судење сум присутна.

Здравка ќе направи се правдата да излезе на виделина. Доколку тоа не се случи во Кочани и Македонија, следната дестинација за нејзе ќе биде Европскиот Суд.

Извор: Телевизија Стар

Коментари

коментари

error: Content is protected !!