Николовски: На седница во вторник, Владата ќе предложи шести пакет економски мерки


Сакам да најавам дека во вторник на владина седница владата ќе предложи нов пакет мерки за оние кои се погодени од кризата и понатаму да имаат помош. Ние нема да прифатиме уцени кога треба да испорачаме пари за граѓаните, во оваа тешка економска и здравствена криза, парите ги чекаат лозари, тутунари, спортски клубови, занаетчиите, ивент индустријата, сите погодени, и тие не може да се заложници на опозицијата и на еден човек.

Имаме целосно екипирана коалиција која цврсто стои зад граѓаните, мерките и политиките мораме да ги носиме брзо, и овој неодговорен пристап, суетен пристап, граѓаните не го прифаќаат. И порано, како и сега, многу време се потроши на договорање, но договорите не се почитуваат од страна на опозицијата, тие доаѓаат да се потпишат и да земат патни трошоци.“- изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, во вестите на Сител.

Тој порача дека нема да се прифатат уцени од опозицијата кога треба да се испорачаат пари за граѓаните.„И порано, како и сега, многу време се потроши на договорање, но договорите не се почитуваат од страна на опозицијата, тие доаѓаат да се потпишат и да земат патни трошоци.

Сакам да им честитам на сите пратеници, особено оние кои дојдоа согласно сите протоколи, без спроведени во посебни ходници, во посебни кабини, се потврди владејачкото мнозинство на седницата, се потрвди дека ние нема да прифатиме уцени кога треба да испорачаме пари за граѓаните, во оваа тешка економска и здравствена криза, парите ги чекаат лозари, тутунари, спортски клубови, занаетчиите, ивент индустријата, сите погодени, и тие не може да се заложници на опозицијата и на еден човек.

Имаме целосно екипирана коалиција која цврсто стои зад граѓаните, мерките и политиките мораме да ги носиме брзо, и овој неодговорен пристап, суетен пристап, граѓаните не го прифаќаат. Можеме поодоговорно да се однесуваме сите и затоа повторно ќе бидат поразени политиките на ВМРО ДПМНЕ.

Сакам да најавам дека во вторник на владина седница владата ќе проделожи нов пакет мерки за оние кои се погодени од кризата и понатаму да имаат помош.“- дополни Николовски.

Извор:slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!