Кајмаковски завршил во болница, му се слошило додека пиел кафе? – Екс сопругата ја пријави во полиција

Веста дека пејачот Даниел Кајмаковски е стружанецот кој против екс сопругата поднел пријава за наводно подметнување на некакво средство во кафето кое двојката го пиела во парк во Тетово, по што тој завршил во болница, деновиве осамна во медиумите.

Според пишувањата, настанот го потврдила и полицијата која добила известување од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ дека кај нив е примен 38-годишен стружанец. Тој тврдел дека додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени нарк0тични средства?!

Жената ги негирала тврдењата на пријавителот. Според неа тие имале средба со Кајмаковски за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе.

Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Кајмаковски му се слошило, а таа за настанот веднаш го известила и Центарот за социјални работи.

Известен бил и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: vece.press

Коментари

коментари

error: Content is protected !!