Д-р Стефанија Хаџиевска, анестезиолог на клиниката за Државна кардиохирургија по трансплантацијата на срцето кое му го продолжи животот на младиот Илија Стрезовски

Д-р Стефанија Хаџиевска, анестезиолог на клиниката за Државна кардиохирургија, која е дел од тимот од самото нејзино отварање, и раководител на одделот за анестезија на Клиниката, е еден од членовите на тимот кој успеа да го трансплантира срцето на починатиот донор Верица Белчевска и со тоа да му биде продолжен животот на 22-годишниот Илија Стрезовски од Врбеница.

Вели дека Илија по трансплатацијата, а и пред неа, имал само една желба. Да си дојде дома за Велигден. „Ќе направиме сè за да му ја исполниме желбата“, раскажа за Женски магазин д-р Стефанија Хаџиевска,

Д-р Хаџиевска вели дека дента пред трансплатацијата од премор и од возбуда не спиела многу, и верува дека се чувствувале и нејзините колеги.

-За разлика од минатиот пат, бевме помалку членови во тимот, работевме заедно со дел од докторите и сестрите од Клиниката „Жан Митрев“, меѓутоа под водство на нашиот Проф.Сашко Јовев и на наш веќе познат терен, на нашата Државна Кардиохирургија“, раскажува Стефанија која и минатата година во мај, беше дел од лекарскиот тим што ја изврши првата трансплатација на срце од Иван Огненовски, чиј донор беше семејството на Емилија Динева.

Тагата на семејството на дојранчанката Динева и среќата на семејството на Иван беше причина целата домашна јавност јавност да биде сплотена како што одамна се немаше случено кај нас. Д-р Хаџиевска вели дека трансплантацијата траела околу 6 часа.

Она што најмногу ја трогнало, бил односот на Иле со неговата сопруга која има 20 години. Нивната љубов и приврзаност, таа и колегите ја почувствувале уште веднаш, кога таа влегла да го посети.

– Беа доста збунети и возбудени, таткото на Иле беше тука цело време. Скромни, мирни луѓе. Го видоа откако се разбуди. Мајката таткото сестрата и сопругата. Со жена му беа ептен слатки, млади многу двајцата, таа 20 години. Фамилијата беше многу среќна и возбудена, вели д-р Хаџиевска

извор: faktor.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!