Блаже Сапунџиев од Кавадарци е лицето кое ДОБИ БУБРЕГ од Верица Белчовска, Д-р Мојсовска: На добар пат сме да направиме добра програма за органодарување

28-годишениот Блаже Сапунџиев од Кавадарци го доби едниот бубрег од Верица Белчовска. Мајката Форка вели дека сочувствуваат со семејството на младата девојка Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, но изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому живот значат.

Таа вели дека нејзиниот син одамна имал проблеми со здравјето, а нивна најголема желба била тие проблеми да се надминат.

-До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа.

-Повторно беше една ипол година на дијализа. Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба., рече Форка Сапунџиева, мајка на Блаже.

Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев.

д-р Маја Мојсовска со надеж дека гласно ќе одекне во јавноста органодарувањето. Последните години ги посветила на тоа отворено да се разговара на темата, да се крене свеста за можноста за дарување при мозочна смрт и начинот нечиј живот да продолжи во друг живот.

-Сметам дека ако вака продолжиме на добар пат сме да направиме етаблирана прогарма во Македонија, верувајте тешко е го работам ова 7, 8 години, не можам да кажам дека имаме систем, но на добар пат сме да направиме систем и тоа мене многу ме радува, како успех како нешто што е визија за трансплантацијата во Македонија-вели Мојсовска.

Другиот бубрег на Белчовска беше трансплантиран кај 40-годишен пациент, и кај двајцата пациенти состојбата е стабилна.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари

error: Content is protected !!