„Ги закопав сите четири члена од моето семејство поради КОРОНА, не ми е јасно како ЈАС не се заразив“

Во три дена ги погребала сопругот Роберт (53), братот Мирко (63), мајката Роса (92) и свекрвата Барбара (80).

По семејниот дружба, членовите од семејството од ден, во ден одеа одеа во болница, а по една недела следуваше уште еден шок кога од ден на ден стигнаа катастрофални вести од болницата. Никој од нив не преживеал.

Сњежана не знае ни како преживеала изминатиот месец поради оваа трагедија што го снајде целото нејзино семејство. Таа вели дека сè започнало пред пет недели кога во саботата заминала во во родното место на посета кај мајката и браќата во Фурјани.

Во тоа време, речиси целото село било заразено.

– Да знаев дека брат ми има корона, нормално дека немаше да одам кај него. Бидејќи долго време бев кај моето семејство, а ситуацијата со короната во нашата област беше многу добра во тоа време, и затоа решивме да ги посетиме. Никој немаше никакви симптоми, само брат ми кашлаше.

Тој претходно орал на нивата и помислил дека настинал. Тој рече дека ќе свари чај и дека сè ќе му помине. На никому не му падна на памет дека тоа е корона, така што за два дена тој заврши во болницата во Карловац на апарати за дишење. Следниот ден, во вторникот, и на неговата сопруга не и беше добро, се здоби со треска, ја болеа коските, се чувствуваше слабо. Таа не веруваше дека е короа, мислеше дека има грип, како и мојот брат.

Таа земала лекови за да ја намали температурата, но ништо не и помогна. Дишеше тешко. Тестот покажа дека е позитивен. Следниот ден се јавив на докторот и тој испрати брза помош за да ги однесат во болница. Тоа беше последен пат кога го видов мојот брат. Никогаш не се врати – раскажала Сњежана, додавајќи дека во меѓувреме се разболеле и мајката Роза и свекрвата Барбара.

Тие никогаш не ги напуштиле своите куќи. Откако била потврдена инфекцијата, нејзината мајка се лекувала дома, земала лекови и состојбаа и се подобрувала, но по неколку дена ситуацијата се сменила. Бидејќи двојката Матиќ секој ден престојувале со својата свекрва Барбара во Кампот, тие заминале да ја видат по враќањето од Слуњ , потоа и таа исто така се разболела. Таа ни кажа дека се чувствува лошо, дека се поти. Сњежана и приготвила чај, и дадла таблети за да ја намали температурата, по што се чувствувала подобро, но набрзо потоа и се јавила дека не може да дише.

– Ја повикав брзата помош, тие ја однесоа во болницата во саботата и ја ставија на апарати за дишење. Мирко беше таму веќе пет дена, на апарати за дишење и во индуцирана кома од која никогаш не се разбуди. Роберт, пак, беше таму три дена, примаше кислород. Разговарав со него секој ден на телефон.

Верував дека ќе се излечи. Имаше само 53 години, беше силен, здрав. Иако бил инвалид како последица од војната, тој за време на војната згазнал на мина и ја изгубил ногата и користел протеза, но тој бил здрав и немал никакви хронични болести. Тој беше подобар, се слушнавме во саботата и ми рече да му испратам чаши, грицки, а следниот ден во 13 часот ми се јавија од болницата дека починал.

Бев во шок. Лекарите, медицинскиот персонал беа добри , тие го оживувале долго време, но не успеале да го спасат. Тие веруваат дека тромб се формирал поради температурата и дека тој починал од тоа – вели очајно Сњажана, додавајќи дека ништо не и е јасно затоа што е таа од семејството е во ризик затоа што има висок крвен притисок и шеќер, а не добила ниту корона, а била во контакт со заразениот сопруг, спиеле во ист кревет.

Докторот и рекол дека нема правила. Им испратив во болницата  работи за свекрва ми, тие не можеа ни да ги отворат, беа вратени со сите работи. Неколку дена откако почина мојот сопруг, братучед ми рече дека мајка ми починала, а истата вечер во 19 часот од болницата ме повикаа дека починал брат ми. Следното утро ми рекоа дека и свекрвата ми починала. На погребот се чекаше десет дена затоа што бев во изолација, на 23 март го погребавме Роберт тука во Кампот, следниот ден брат ми и мајка ми во Лажевац во Слуњ и третиот ден свекрва ми тука во кампот – додава Сњежана.

Извор: mms.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!