Рецепт за пастелни велигденски јајца во сите бои, нијансирани на природен начин

Нежните пастелни бои се нашите омилени нијанси секоја пролет, а кога ќе дојде време за бојосување велигденски јајца, сакаме да ги пренесеме и на велигденската трпеза.

Ви откриваме начин како да ги добиете најубавите пастелни бои на јајцата, само со помош на боја за колачи. За оваа постапка мора да користите бели јајца, бидејќи темните лушпи не можат да добијат нежни пастелни нијанси.

Ставете го посакуваниот број јајца во тенџере, прелејте ги со ладна вода, посолете ги и сварете ги на вообичаениот начин. Кога ќе се сварат, извадете ги јајцата од водата и оставете ги потполно да се оладат.

Подгответе неколку чаши и бои за колачи по личен избор. Во секоја чаша сипете 200 мл вода, 1 лажица оцет и 1 лажица од посакуваната боја за колачи.

Измешајте го сето тоа за убаво да се соедини, па ставајте по едно јајце во секоја чаша со боја. Оставете ги така додека ја добиете посакуваната нијанса. Проверувајте ја со повремено вадење на јајцата од чашата со помош на лажица.

Кога ќе ги добиете посакуваните нијанси, извадете ги јајцата и оставете ги потполно да се исушат. По желба, можете да ги пребришете со памук потопен во малку масло.

Извор: skopje24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!