Промена на правилата: УЕФА го МОДИФИЦИРА правилото ГОЛ ВО ГОСТИ од наредната сезона

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен победи на гости кај ПСЖ и избори вкупен резултат од 3-3, но елиминиран е во Лигата на шампионите.

Головите во гости на „принцевите“од Парис беа клучни за пласман во полуфиналето.

Ова правило ќе доживее промена наредната сезона. Во сите европски натпреварувања нема повеќе да важи двојната вредност на реализациите во евентуалните продолженија во еден двомеч.

Правилото останува да важи само во регуларниот дел од натпреварите.

Сегашните правила велат дека „ако двата тима постигнат ист број на голови на двата натпревари, оној што постигнал повеќе голови на гости, ќе оди во следната фаза“.

Во случај на продолженија, „ако двата тима постигнат ист број на голови за време на продолжението, голот на гостите вреди двојно повеќе“. Ова правило за првпат беше применето во сезоната 1965/66.

Ова до некаде ќе ја скрати предноста на тимовите кои подобро играат на гостински терен, а потоа со тактички пристап обезбедуваат пласман во следната рунда.

Извор: kurir.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!