вторник, 18 јануари, 2022

Јанша сепак не доставил никаков нон пејпер

Шефот на словенечката дипломатија, Анже Логар денеска ги негираше тврдењата за наводен нон-пејпер, кој, според некои медиуми во Словенија и БиХ, премиерот Јанез Јанша го доставил до Европската комисија. 

Тој вели дека се работи за манипулација и обид за компромитирање на владата и претседателот. Кажа дека единствениот документ за кој можат да се однесуваат тие шпекулации е оној што го поднела Хрватска. За него како за неофицијален документ се дискутирало во Брисел минатиот месец, а се приклучија и Словенија, Унгарија, Бугарија и Грција.

Лидерите на словенечката опозиција последните денови изразија загриженост за наводната содржина на нон-пејперот „на Јанша” за БиХ и регионот, односно поделбата на регионот по етничка линија како „крај на распадот на СФРЈ”. 

Логар праша која е целта на сето тоа. За изјавите на словенечкиот претседател Борут Пахор дадени за време на разговорите со лидерите на БиХ во март за време на неговата посета на Сараево, Логар рече дека тоа е дипломатски кикс.

Од БиХ опоменаа дека ваквите изјави за поделба водат кон нова војна и нестабилност во регионот. Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик најави дека упорно ќе инсистира на концептот на „мирно разидување“ односно распаѓање на државата на чие чело е во моментов.

Извор:Faktor.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!