Владиците Петар и Агатангел се хоспитализирани во приватната болница откако добиле позитивен тест на Kовид-19

Владиците Петар и Агатангел се хоспитализирани во приватната болница откако добиле позитивен тест на ковид-19.

Владиката Петар во изјава за медиумите вели дека бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива од можни компликации.

Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома.

Апелира до верниците сериозно да ја разберат состојбата со вирусот. Владиката Петар вели и дека, според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така хоспитализиран пред некој ден.

Претседателот на комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, апелира и верските лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!