Ова е НАШАТА ПРИКАЗНА… Дали е и ВАША?

Во овој момент можете да бидете било каде, да правите било што, наместо тоа седите сами пред компјутер или мобилен телефон…

Што е тоа да не спречува да правиме што сакаме, да бидеме каде сакаме? – Секој ден се будиме во иста соба и одиме по ист пат да би живееле исто како и претходниот ден.

Некогаш секој ден беше/бил нова авантура, но се се промени. Порано изгледаше како времето да не постои, а денес изгледа како да го нема доволно. Значи ли овој начин на живот дека сме одраснати, дека сме слободни?

Дали сме навистина слободни? Храна, вода, земја, неопходните елементи за наше преживување се во сопственост на корпорациите.

Нема храна за нас на дрвјата, нема питка вода во потоците, нема земја да се изгради дом. Ако се обидете да го земете тоа што земјата го дава ќе отидете во затвор, така да ние ги почитуваме „нивните“ правила.

Светот го откриваме преку „учебник“, со години седиме и го правиме она што ни е речено. Израснати и воспитувани да не правиме разлики во светот, израснати да не бидеме поразлични, доволно паметни да си ја сработуваме работата, но не и да го доведуваме во прашање тоа зошто работиме.

Немајќи време да живееме живот за кој работиме, се додека не дојде време да станеме престари за да можеме да ја работиме својата работа, тогаш ни останува да починеме, а нашите деца ги заземаат местата во „играта“.

Ова е „нивен“ свет и нивниот највреден ресурс не е во земјата, тоа сме ние. Ние ги градиме нивните градови, ние управуваме со нивните машини, ние се бориме во нивните војни. На крајот на краиштата парите не се факторот број еден…тоа е моќта!

Парите се неопходно парче хартија за да се храниме, забавуваме, патуваме. Ни дадоа пари, а за возврат ние им го дадовме светот.

Каде некогаш имаше дрвја што го чистеа воздухот – денес таму има фабрики кои го загадуваат, каде имаше вода за пиење – сега има токсичен отпад, на местата каде животните слободно трчаа – денес се наоѓаат фарми на кои се раѓаат и к0лат до недоглед за нашите задоволства.

И покрај фактот дека има храна за сите, преку милијарда луѓе гладуваат, каде завршуваат сето тоа? Околу 70% од житарките кои се произведуваат во цел свет се користат за прехрана на животните кои ние ги јадеме за „вечера“.

„Ние сме како чума“ – ја уништуваме околината која ни го овозможува животот, во се гледаме како нешто што може да се продаде или предмет што можеме да го купиме и да го поседуваме.

Но што ќе се случи кога ќе ја загадиме и последната река? Ќе го загадиме и последниот „здив“ чист воздух? Откако ќе снема нафта за камионите кои секојдневно не снабдувааат со храна, откако ќе разбереме дека не можеме да јадеме пари?

Ние не ја уништуваме планетата, ние го уништуваме целиот живот на неа. „Мислиме дека се движиме кон решението, но реално се оддалечуваме од причинителот“. Се однесуваме како „сезнајковци“, а многу од работите пропуштаме да ги видиме.

Одиме по улиците игнорирајќи ги малите нешта, се гледаме како позадина за своето „Јас“. Можеби се плашиме дека сме сами? Еден ден вредностите целосно ќе исчезнат. Вчерашните дела се се што ќе остане зад нас.

Трагедии и секакви негативности често не опкружуваат, сепак тоа ни се чини далечно за нашите секојдневни реалности. Станавме оддалечени, идеализираме луѓе кои никогаш не сме ги запознале, неверојатни работи гледаме само на тв-екраните, а околу себе само „обични“.

Чекаме некој да донесе промени без да помислиме сами да се менуваме. Ние сме „лице“ за сите што биле пред нас, и сега доаѓа ред на нас самите.

Можеме да одбереме некој свој пат или да го следима патот кој претходно и другите го користеле. Животот не е филм, сценариото не е претходно напишано – ние сме писателите. Ова е ваша приказна…нивна приказна… наша приказна!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!