понеделник, 18 октомври, 2021

УЖАС: 18-годишник обљубил врсничка

18-годишник од селото Банско извршил обљуба врз негова врсничка од едно струмичките села. За да ја оствари намерата тој имал помош уште од четири други лица.

Двајцата од нив на возраст од 21 и 25 години се жители на селото Банско, додека другите двајца се уште не им се познати на истражните органи и се работи на утврдување на нивниот идентитет.

Грозоморниот чин бил извршен пред два дена во попладневните часови во Струмица. Настанот во полиција го пријавила самата девојка.

-На 09.04.2021 година Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Д. 18 годишен од Струмица, со престојувалиште во село Банско, струмичко, М.Д. 21 годишен и А.Д. 25 годишен и двајцата од село Банско, поради тоа што на 08.04.2021 околу 17:40 часот на ул. Невена Стојкова И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село,, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата. Лицата набрзо биле лишени од слобода и по обезбедените докази на 09.04.2021 година биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, рече Александра Трајанова – портпарол на СВР Струмица.

Од страна на судијата на претходна постапка на прво осомничениот, но и на двајцата негови помагаи им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Во меѓувреме интензивно се работи на пронаоѓање и на останатите две лица.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!