понеделник, 26 јули, 2021
Фото

Еве колку години е најмладиот пациент што се бори против вирусот на Инфективната клиника

Британскиот сој не бира возраст. Шеснаесетгодишно момче е најмладиот пациент што се бори против вирусот на Инфективната клиника.

Според податоците кои ги доби Канал 5, 22 годишен е најмладиот хоспитализиран на Интерните клиники, а девојка на 29 годишна возраст е најмлада во ковид-центарот во Кавадарци.

Во болниците каде се зголемува бројот на пациенти под 30 години, ефикасен лек наменет исклучиво за КОВИД 19 не постои.

На младите без хронични болести кај кои има бурна реакција на имунолошкиот систем им се дава симптоматска терапија, вели за Канал 5, Д-р Злате Мехмедовиќ. Тој појаснува дека за да се стави крај на данокот во човечки животи потребна е масовна вакцинација, друго чаре засега нема.

Во последното деноноќие само во скопските ковид-центри се хоспитализирани 67 пациенти, со што бројот на хоспитализирани на ниво на држава сега изнесува 1699. Според Министерството за здравство, слободни остануваат околу 300 болнички кревети.

Битката со вирусот само во последните седум дена ја загубија околу 300 граѓани. Во просек вирусот секој ден зема по 42 човечки жртви.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!