понеделник, 19 април, 2021

ЗАЕДНО ДА ПОМОГНЕМЕ ЗА ПОБЕДА НА МАЛИОТ – СИЛЕН ЈУНАК ВАСИЛИЈ, КОЈ ИМА САМО 15 ДЕН!

Канал 5 ТВ објави сторија во која ги повикува сите оние кои можат да му помогнат на овој наш заеднички македонски јунак, кој е роден предвреме 28 недела, но за жал со проблеми со срценцето, белите дробови и малото јуначко главче.

Роден е на 25 март, има само 15 дена „стариот“ Василиј, долг 44 цм а тежок 1,3 кг и за нас во моментов е најголемиот македонски јунак!

По раѓањето однесен на неонатална интензивна нега каде е ставен во инкубатор на респираторна поддршка. Белите дробови на Василиј не биле воопшто развиени и затоа морал да биде ставен во вештачка кома и префрлен на респираторна машина која ќе дише за него.

Терапијата која докторите му ја препишле за развој на белите дробови делувале одлично и тој за само една недела делумно ги разви своите белите дробови.

Василиј имал и проблем со срценцето, но неговата мајка Симона Анчева вели:

„За среќа нашиот мал бореш со голема желба за живот во само 3 дена ја прифати новата терапија и се избори и со оваа голема битка и неговото мало срценце оздраве што уште повеќе ни даде надеж на сите. Толку е мал а толку голем борец и јунак, во само 7 дена се избори со две големи битки во животот, но животот сега му даде уште една нова во која сите веруваме дека ќе успее да победи“.

Поради своето предвремено раѓање малиот Василиј почна да крвари во главата кое докторите се обидуваат да го санираат и се надеваат дека повторно ќе му ја стабилизираат состојбата за да ја добие и третата „битка“.

Тој сеуште е во инкубатор и машина за дишење, процес кој ќе трае долго, можеби повеќе и од 2 месеци, за што се потребни средства овој наш можеби најмлад херој да ги добие сите битки и наскоро да ни се насмевне на сите во Македонија.

Затоа , се молат сите добри луѓе, кој колку може финансиски да му помогне на Василиј – а тој сигурни сме ќе ни врати со една насмевка !

Сметката на која можете да ги уплатите средствата е следнава: Стопанска Банка АД Битола 500600019060885 – Симона Анчева ул.Шарски Одред бр.11, Скопје-Центар

Заедно за Василиј!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!