понеделник, 19 април, 2021

Нов КОВИД БИЛАНС по градови: Бројките и натаму високи – За 24 часа нови 1.163 случаи, починаа 35 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19, што претставува 29 проценти позитивни од вкупниот број тестирани.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 473, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по – 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани – по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе – по 14, Неготино и Радовиш – по 12, Ресен и Валандово – по 11, Виница – 10, Крива Паланка и Берово – по 7, Демир Капија и Демир Хисар – по 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 854 оздравени пациенти од: Скопје – 475, Прилеп – 52, Велес – 40, Куманово – 37, Кавадарци – 36, Тетово – 27, Кочани – 25, Гостивар – 23, Неготино- 22,Берово – 18, Штип – 16, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 12, Струмица и Свети Николе – по 9, Радовиш и Валандово – по 8, Виница – 7, Пробиштип – 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 2, Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по – 1.

Најцрна Ковид статистика за Штип од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа во Ковид центарот починаа петмина штипјани, на возраст од 48 до 79 години. Според извештајот на болницата во Ковид центарот се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на 46 им е потребна кислородна поддршка.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!