понеделник, 19 април, 2021

Филипче: Вакцината на „АстраЗенека“ ќе се дава исклучиво на лицата над 60 години

По појавата на тромботични реакции кај дел од помладата популација, надлежните одлучија и натаму само лицата над 60 години да се имунизираат со оваа вакцина, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој кажа дека засега нема посебна препорака за помладите лица од 60 години што ја примија Астразенека во Србија, а се надоврза и на ревакцинацијата.

Инаку, Европската агенција за лекови по спроведеното истражување им препорача на сите држави сами да си одлучат дали и кому ќе ја даваат оваа вакцина. Филипче кажа дека и понатаму ќе се следат насоките на Европските агенции.

Имунологот д-р Мери Киријас вели дека процентот на тромботична реакција кај вакцинираните е многу ниска, односно поголем бенефит има од примањето на вакцината. Таа воедно и препорача, граѓаните кои што се вакцинирале со АстраЗенека, да се ревакцинираат со нејзе.

Еврокомесарката за здравство Стела Кирикадес, побара Брисел да се произнесе со заеднички став околу имунизацијата на граѓаните на ЕУ со Астразенека, за да не се наруши довербата во процесот на имунизација. Сепак Шпанија веќе одлучи дека нема да вакцинира лица под 60 години со оваа вакцина.

Инаку министерот Филипче информираше дека до крајот на Април се очекува да пристигнат околу 300.000 дози на вакцини од сите производители со кои преговараат надлежните.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!