понеделник, 19 април, 2021

Д-р Гагачовска: „ОВА ШТО ГО ГЛЕДАМЕ Е СТРАШНО“ – Млади, здрави луѓе со ТЕШКИ КЛИНИЧКИ СЛИКИ, директорката со апел по смртта на 19-годишната девојка

Во Клиничката болница во Битола почина 19-годишна девојка која била суспектна на Ковид-19, а директорката д-р. Билјана Гагачовска за Фактор изјави дека направиле се што е потребно, но за жал, само неколку часа по приемот, младата девојка починала.

-Девојката беше донесена вчера, во многу тешка состојба со ниска сатурација, веднаш беше хоспитализирана во Ковид-центарорт во посебна соба за суспектни пациенти.

-Веднаш и беше дадена адекватна терапија и беа преземени реанимациони мерки, но за жал неколку часа по приемот, пациентката почина.

-Беше донесена како сомнителна со клиничка слика и манифестација на ковид-инфекција, но не беше тестирана и кај нас почина пред да биде земен брис. Инаку, девојката имаше коморбидитет-Даунов синдром, пренесува Фактор.мк

Д-р. Гагачовска информира дека до утринава до 8 часот во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани 134 пациенти од кои повеќето се со тешка клиничка слика и во тешка состојба.

-Уринава имаме двајца пациенти кои починаа, едниот на 63 години, другиот на 69. Во текот на денот има и нови приеми и секако исписи на пациенти кои се во добра здравствена состојба.

Се уште има слободни болнички кревети. Но, она што сакам да го потенцирам и да апелирам, посебно до младите е да ги почитуваат мерките бидејќи она што го гледаме е навистина фрапантно. Млади пациенти, здрави пациенти доаѓаат со веќе развиени за кратко време тешки клинички слики.

Како и секаде бројот на млади заболени и во Битола е се поголем, овој британски сој, како што кажуваат и епидемиолозите, многу брзо развива тешка клиничка слика и ја напаѓа и помладата популација, вели за Фактор, д-р Гагачевска.

Извор: faktor.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!