Бил Гејтс е НАЈГОЛЕМИОТ приватен ЗЕМЈОПОСЕДНИК во САД

Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, стана најголемиот приватен земјопоседник во САД.

Неодамна тој стана сопственик на скоро 100.000 хектари обработливо земјиште во дури 18 сојузни држави. Токму таа бројка го направи најголем приватен сопственик на земјоделско земјиште во Америка.

Најголеми површини има во Луизијана, Арканзас и Небраска. Земјата е во непосредна сопственост или во рацете на компаниите поврзани со инвестициски фирми на Гејтс.

На многумина им изгледа необично човек како Гејтс, кој стои зад една од најголемите технолошки компании во светот, истовремено да е и најголемиот земјопоседник.

Меѓутоа, уште во 2008 година Бил и Мелинда Гејтс објавија дека ќе дадат повеќе од 300 милиони долари за промоција на земјоделци во Африка и во Азија, пред сè на оние кои се занимаваат со земјоделие и високи приноси.

Не се знае за што Бил Гејтс ќе ја користи земјата, многумина се надеваат дека ќе ја искористи за еколошко производство и слични цели.

Гејтс е можеби најголемиот приватен сопственик на обработливо земјиште, но е далеку од број еден кога станува збор општо за сопственост на земјиште.

На првото место е Џон Малон, директор на Liberty Media, акционер во големи медиумски корпорации и сопственик на околу 900.000 хектари шуми и ранчови.

По него е Тед Тарнер, основачот на CNN, со приближно 800.000 хектари земја во 8 сојузни држави. Дури и основачот на Amazon, Џеф Безос вложува во земјиште, поседува 170.000 хектари во западен Тексас.

Извор: kajgana.com

Коментари

коментари

error: Content is protected !!