понеделник, 19 април, 2021

(ВИДЕО) БИЗАРЕН МОМЕНТ НА ПОГРЕБ: Покојникот „ПРОГОВОРИ“ и ги насмеа ожалостените присутни

Еден Ирец со својот пример покажа дека погребот може да се претвори во забава и смеа. Тој до солзи ги насмеа луѓето што дојдоа до неговото збогување. Овој настан се случи во 2019 година.

Имено, тој ги насмеа сите присутни со забавна постхумна порака.

Додека ковчегот веќе беше во гробницата, а роднините и пријателите стоеја околу гробницата, одеднаш се случи тресок на дрвото, а наскоро се слушна гласот на починатиот:

-Здраво, каде сум јас? Здраво, има ли некој? Пуштете ме од тука!

Починатиот веројатно порано се согласил со некои од членовите на семејството гласот, аудио пораката, да биде оставена во ковчегот.

Оваа постапка на починатиот ги насмеа луѓето на неговиот погреб, а очигледно овој Ирец бил многу духовита личност кога на денот на неговиот погреб решил да се пошегува, смее и да ги забавува блиските луѓе во тој тажен момент за сите негови блиски.

Очигледно, починатиот сакал да го претвори овој тажен ден во ден на шеги и смеа и да остане запаметен по него.

Видеото е објавено на социјалната мрежа Редит, каде е многу популарно и гледано.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!