понеделник, 19 април, 2021

СЕКОЈ ДЕН – НОВ ЦРН РЕКОРД: Над 4.000 починати за 24 часа, за шест дена над 15.000 смртни случаи во Бразил

Во Бразил за прв пат беше надмината границата од 4.000 смртни случаи од коронавирус за еден, со пријавени 4.195 смртни случаи во последните 24 часа, според новиот биланс на Министерството за здравство на таа земја.

Како што соопшти Министерството во текот на претходната ноќ, досега вкупно 336.947 лица починале од ковид, а Бразил, со повеќе од 210 милиони жители, е втор во светот, по САД, по бројот на смртни случаи како резултат на вирусот.

Бразил е исто така втор во светот по бројот на заразени, со повеќе од 13 милиони потврдени случаи на инфекција, 86.979 во последните 24 часа.

Пандемијата се чини дека целосно излезе од контрола во таа најголема латиноамериканска земја, каде црни рекорди има секој ден во последните неколку недели.

Досега, во Бразил евидентирани се повеќе од 13 милиони случаи на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Околу 66.570 луѓе починаа од ковид-19 во март, што е двојно повеќе од претходниот месечен црн рекорд.

За само шест дена во април, биле забележани повеќе од 15.000 смртни случаи, во просек по 2.757 на ден.

Болниците се преполни, луѓето ум-ираат додека чекаат на лекување во некои градови, а здравствениот систем е пред колапс во многу области, пренесува Би-Би-Си.

Претседателот Болсонаро продолжува да се спротивставува на какви било мерки на заклучување за да се спречи ширењето на инфекцијата, според Би-Би-Си.

Тој верува дека штетата врз економијата ќе биде полоша од последиците од самиот вирус и се обиде да укине некои од ограничувањата наметнати од локалните власти во судовите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!