“ОД МЕНЕ ПОЧНА КОРОНАТА, ЈАС СУМ НУЛТИ ПАЦИЕНТ“: Британскиот актер верува дека од него започнала пандемијата на Ковид-19

Британскиот актер Бенедикт Камбербач верува дека тој би можел да биде нулта пациентот од кого започнала пандемијата на коронавирус. Оскаровецот се сеќава и ја проучува мистериозната болест со која наводо се заразил минатата година. Откако ги анализирал симптомите што ги имал, тој сега верува дека бил еден од првите кои биле заразени со коронавирус.

„Бев неверојатно болен“, изјавил Камбербач за „Индепендент“.

Откако ги прочитал првите извештаи за пандемијата, 44-годишната актерска sвезда изразила загриженост дека можеби придонел за ширењето на пандемијата.

„Се прашував, Боже, дали навистина сум нулта пациентот“, рекол тој.

Актерот, роден во Лондон, отпатувал во Кејптаун, Јужна Африка на крајот на 2019 година, за да го сними филмот „Мавританецот“, кога се заразил со коронавирусот.

„Бев многу болен, скоро добив пневмонија“, опишал тој, велејќи дека и покрај тоа што бил болен, тој го завршил снимањето на филмот со „повраќање помеѓу снимањата“.

Камбербач истакнал дека снимањето на драмата со режисерот Кевин Мекдоналд ги отворило погледите за прашањето за затворот Гвантанамо. По снимањето на филмот базиран на „Дневникот на Гвантанамо“, создаден по мемоарите напишани од поранешниот затвореник Мохамед Оулд Слахи, Камбербач изјавил дека се приклучува на напорите за затворање на Гвантанамо и дека во врска со тоа планира да контактира со претседателот Џо Бајден.

„Тој е најскапиот затвор во светот, ќе го замолам да го затвори. Гвантанамо не треба да биде дел од овој свет“, рекол Камбербач.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!