понеделник, 19 април, 2021

Естрадата завиена во црно: Почина млад македонски музичар

Младиот музичар Денис Демиров, попознат како дел од групата „Газоза бенд”, починал утринава, на 38-годишна возраст.

Веста смртта на Демиров ја потврди и неговиот колега Џамбо Агушев, кој изјавил дека според првичните информации кои ги добил, Демиров починал дома, во сон. Иинаку Демиров имал и проблеми со шеќерот и висок крвен притисок.

-Многу жално, Денис над 20 години беше дел од естрадата. Сите сме затекнати, млад човек, изјави Агушев за медиумите.

Голем број негови колеги денеска споделуваат фотографии со музичарот и на социјалните мрежи се збогуваат со Денис.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!