понеделник, 15 август, 2022

ЗАЕВ КАЖА ДАЛИ ИМА ПОТРЕБА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ

Немаме дополнителни мерки за затворање на граничните премини заради тоа што е увидено дека заразата се шири дома, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Буквално, посочи, сите земји се со одредени ограничувања.

-Посебно со затворањето на угостителските објекти нема смисла за дополнително затворање на границите. Значи нема таква мерка за затворање на граничните премини, додаде Заев, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

За мерката која ја разгледуваат односно солидарно возвраќање кон српскиот народ заради вакцините кои ни ги дадоа како донација, рече дека тоа е нешто кое се развива како идеја и дополнително ќе го разгледаат на одредени состаноци на владините институции, пред се мислам на Економскиот совет, а понатаму ќе дојде на Владата.

Појасни дека се размислува за летниот период, а тоа е јуни, јули и август кога се очекуваат српските граѓани да бидат наши туристи во државата, но и еден значаен дел поминуваат покрај или преку нашата земја кога одат во Грција, Бугарија, Албанија на одмор. Така што, потенцира, 20 евра е трошкот за патарините по 35 000 граѓани се 700 000 евра.

-Но, секако проценките за вкупно транзитирање граѓани треба да ги видиме во годините кога имало Ковид лани и во годините кога немало, колку биле вкупно за да ги донесеме одлуките. Механизми постојат, а тоа е дополнително давање винетка на возило со српска регистерка табличка со српски пасош на возачот.

-Со самата винетка му се ослободува на последната трака на патарината слободен влез кој го отчитува самиот систем. Механизмите постојат, но имаме дополнително време, април и мај се пред нас за носење таквите одлуки, а Владата ќе ги надокнади изгубените приходи на ЈП за државни патишта од самите патарини.

-Верувам дека ќе претставува нешто што најмалку можеме да направиме за да возвратиме заради тоа што да се даде помош и да се сподели со нешто кое недостига насекаде во светот со својот сосед е посебно за почит и не постои друг начин како да се возврати ни од блиску, но најмалку што можеме да направиме е да возвратиме кон српскиот народ заради тоа што тие вакцини не само што дојдоа во време кога ни требаа, туку и чинат пари, а ги добивме како донација, додаде Заев.

Извор: info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!