понеделник, 19 април, 2021

Нејзината коса е долга 172 см, и е ГУСТА КАКО ГРИВА и многу СЈАЈНА: Сега ја откри ТАЈНАТА што ја тера да расте толку БРЗО – лесно е и секој може да го примени

Руската „Златокоса“ Дира Габанова (34) има неверојатно долга коса – дури 172 сантиметри! Не се шишала точно 17 години, откако како тинејџерка се обложи со пријателка дека може да има подолга коса од неа.

Денес, благодарение на нејзината густа, убава коса, атрактивната Русинка има 185.000 следбеници на Инстаграм, но го одзема здивот и на улица – невозможно е да не се забележи нејзината „грива“.

Дира, која работи на аеродром како чувар, но работи и со скратено работно време како модел, истакна дека има добро дефинирана рутина за нега на коса со цел да ја одржува здрава, силна и сјајна, пренесува „Дејли Мејл “.

Таа ја мие косата двапати неделно и ја „храни“ косата со маска која се состои од есенцијални витамини и масла. Исто така, секој ден нанесува крем за нега без плакнење и пие витамини кои и помагаат на косата да биде сјајна и да не се крши.

Секое утро внимателно ја чешла косата и вели дека не излегува надвор ако не ја врзала косата во плетенка, бидејќи во спротивно косата би се зафатила со нештата околу неа и така ќе се оштети.

“Минатата година лансирав свој шампон и регенератор за коса и во моментов ги користам. Исто така, сакам масло од ајдучка трева. Наутро секогаш косата ја обликувам во различни плетенки, а навечер ја чешлам и легнувам со пуштена коса за да ја одморам мојата глава, бидејќи главно е врзана цел ден “, вели Дира и додава дека краевите ги скратува еднаш годишно.

“Ако сакате вашата коса да биде долга, мора да имате трпеливост. Не ја оштетувајте косата и третирајте ја внимателно. Потребна е љубов и грижа”, заклучила таа.

34-годишната девојка додава дека нејзиниот имиџ предизвикува бурни реакции и дека ја сакаат мажи, деца и постари лица, но дека жените не се воодушевени.

Таа исто така откри дека нејзината 11-годишна ќерка Евелина сака да ја пушти косата, исто како и нејзината мајка.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!