Времето во текот на ноќта ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Пообилни врнежи ќе има во северозападните и североисточните делови од земјава, кои локално ќе бидат и над 15 л/м2.




Времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе преминуваат во снег.
Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.




Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната само до 6 степени.
Во понеделник ќе има преодна стабилизација на времето, сонце и пораст температурите до 16 степени.




Но веќе од вторник ќе следи а нов влажен бран, кој ќе продолжи и во среда, кога повторно ќе дува засилен северен ветер.
Утринските температури кон крајот на неделата повторно ќе бидат во пораст.




Значи следната недела може да очекуваме промена на сите годишни времиња, од сончево време, до умерено облачно, врнежи од дожд, а на повисоките места снег.