понеделник, 19 април, 2021

Десет проценти од фирмите не исплатиле февруарска плата поради блокадата на економските мерки во Собранието

Десет отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им исплатат плата на вработените, соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

За овој месец, прифатени се 63.948 пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, а 6.888 работодавачи немаат исплатено плата, односно 10,7 проценти.

Лукаревска рече дека УЈП има во предвид оти финансиската помош за февруари не стигнала, а дека компаниите тоа го планирале. Затоа, Лукаревска апелира што поскоро да се донесат економските мерки во Собранието од петтиот економски пакет.

Носењето на петтиот пакет мерки е заглавен во собраниска процедура.

Извор: info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!