понеделник, 26 јули, 2021

Италијански експерти: Ова е ЛЕКОТ за „ковид-депресија“

Физичката активност за 20 отсто го намалила ризикот од емотивните и психолошки проблеми во време на минатогодишниот карантин, покажуваат резултатите од испитување спроведено во Италија, а пренесува магазинот „Санита“ наменет за здравствените работници.

Според 18.000 студенти, професори и други универзитетски работници, потврдено било дека од анксиозност и депресија, за време на карантинот, повеќе пателе оние кои престанале да се занимаваат со спорт, пренесува Слободен Печат.

Истражувањето, во кое учествувале неколку италијански универзитети, покажало дека потешки последици од променетиот начин на живот ги погодиле лицата кои никогаш не се занимавале со спорт, а дури 50 отсто од оние кои во текот на пандемијата ја прекинале физичката активност, биле изложени на поголем ризик од емотивно-психолошки проблеми.

Истражувањето покажало дека ризикот од анксиозност и депресија, во време на карантин, бил зголемен кај лицата со послаба финансиска состојба.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!