понеделник, 19 април, 2021

(ВИДЕО) ПАНДЕВ СО ГОЛ ЗА ВОДСТВО ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА

Првиот дел од првото меѓусебно соочување на Германија и Македонија мина во знакот на доминација и неколку шанси на четирикратниот светски шампион, но и една супер-закана и водство со гол во надополнувањето на македонската селекција (0-1), пренесува ГОЛ.мк

Адеми и Велковски се вратија во стартниот тим, а Трајковски го зазеде местото на Несторовски во шпицот на нападот. По првите 7-8 минути, во кои се испитуваа силите, Хаверц и Горецка комбинираа, а „бомбата“ на фудбалерот Баерн заврши во пречката од голот на Димитриевски.

Топката повеќе ја имаа Германците, а Македонија имаше за цел да го одбие првиот бран на напади на избраниците на Лев. Првата убава наша акција ја креираа Адеми и Алиоски во 23. минута, но Трајковски задоцни и пропадна ветувачка акција. Две минути подоцна Германија креираше убава акција по левата страна, Гнабри добро биеше по земја, но Столе Димитриевски со нога интервенираше, додава ГОЛ.мк

По половина час германската селекција ја креираше трета голема шанса за водство. По акцијата по левата страна, тежиштето се префрли десно, Гнабри од 5-6 метри оддесно силно распали и топката заврши неколку метри преку пречката.

Во 40. минута Марк Андре Тер-Штеген спречи македонско водство. Алиоски изведе слободен удар, од позиција на скратен корнер, Адеми ја пропушти топката, а голманот на Барса рефлексно ја исфрли топката во корнер. Кога сите очекуваа крај на првиот дел, германската одбрана потфрли, а по ударот на Барди, топката стигна до Пандев, кој од непосредна близина го матира Тер Штеген (0-1).

Овој резултат е огромна награда за момците на Ангеловски за организирасниот прв дел.

Видеото од голот погледнете го овде.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!