понеделник, 19 април, 2021

(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ ГОЛЕМАТА ГЕРМАНИЈА!

Македонската фудбалска репрезентација го приреди најголемото фудбалско изненадување оваа вечер, откако забележавме победа од 3-то коло во групната фаза во квалифкациите за СП:

Македонија славеше со 1:2 на гостувањето кај фаворизираната Германија. Македонија во овој дуел покажа храбра игра, во ниту еден момент не се исплаши пред налетот на фаворитот и може да кажеме дека сосема заслужено се враќаме со цел плен.

На истекот од првиот дел, Горан Пандев погоди за водство од 0:1, по асистенција на Енис Барди.

Во вториот дел Германија тргна силно, а доби пенал по еден час игра, по стартот на Алиоски над Сане. Сигурен реализатор од белата точка беше Гундоган за 1:1.

И ако многумина очекуваа Германија да направи целосен пресврт, Македонија преку дијамантот Елиф Елмас повторно го врати водството по одличната асистенција од Адеми за голема радост на нашите фудбалери.

El gol de Elmas con el que Macedonia está derrotando a Alemania. ⚽️

Alemania 1 🆚 2 Macedonia

pic.twitter.com/muTkVrWjLn

— Garra Sports (@GarraSportsMx) March 31, 2021

Коментари

коментари

error: Content is protected !!