понеделник, 19 април, 2021

„Мојата сопруга е болна од коронавирус, ОВАА ПОБЕДА Е ЗА НЕА!“

Македонија ги живее најсјајните моменти во својата репрезентативна историја. Победата во Дуизбург од 1-2 има име и презиме – Игор Ангеловски. Македонскиот селектор на прес-конференцијата победата ја посвети на сопругата, која се бори со ковид-19, пишува гол.мк

„Морам да кажам дека мојата сопруга е болна од коронавирус, додека јас сум овде. Така што морам да кажам дека оваа победа е за неа, за моите деца, тие се мојата најголема поддршка. Исто и за целиот медицински персонал кој се бори со кризата“, рече нашиот селектор.

Ангеловски испиша историја, а покажа и дека Македонија е најсилна против најсилните. Така, ремито во Торино против Италија не е повеќе наш најголем подвиг.

Победата во Дуизбург вечерва е историски подвиг број еден и прекин на серијата од дваесет години без пораз на Германија во квалификации за Светско првенство.

Извор: gol.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!