среда, 1 декември, 2021

Девојка вакцинирана во Србија примена во болница со тромботична реакција

Девојка на возраст од 28 години е примена во болница со тромботична реакција после примање на вакцината на АстраЗенека, соопшти денеска министерот за здравство.

Според министерот Венко Филипче таа ја примила вакцината во Србија пред 6 или 7 дена.

Поради случајот денеска ќе има состаноци во МАЛМЕД за безбедноста на вакцината на АстраЗенека, но таа засега во Македонија нема да се дава на лица под 60 години додека не се контактираат германското министерство за здравство и Европската агенција за лекови (ЕМА).

Македонските здравствени власти сакаат да се сигурни дека овие ретки тромботични реакции не се пречка за администрација на АстраЗенека кај помладите.

Министерот Филипче рече дека има од еден на 120 илјади до еден на милион вакцинирани што развива ваква реакција.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!