среда, 22 септември, 2021

Села и Гаши не ГО ПРИФАЌААТ ДОГОВОРОТ на Заев и Мицкоски

Алијанса за Албанците и Алтернатива не се согласуваат со одложувањето на пописот што беше договорено на вчерашната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерите на двете албански партии, Зијадин Села и Африм Гаши, најавија дека ќе ги искористат сите механизми, примарно Бадентеровиот принцип, за да го блокираат одложувањето на пописот за наесен.

Гаши смета дека одложувањето е на штета на Албанците во земјава.

-Од вчерашната средба има една добра и една лоша вест. Лошата вест е дека Заев и Мицкоски се договараа како никој друг да не постои во оваа држава, што е лошо за институциите и за таа мала демократска култура.

-Лошо е и тоа што албанскиот субјект во власта, ДУИ, исто како и во 2011 година кога Ахмети се договори со Груевски, по 10 години ова го направи и со Заев“. Албанците во оваа држава не се сирачиња и има партии во опозицијата што ќе го заштитат нивното право, изјави Гаши.

Според Села се работи за веќе виден филм како во 2011 година со одложувањето на пописот, само наместо со Груевски, Ахмети сега тоа го прави со Заев. Сепак, тој е дециден дека дури и во случај да се најде компромис со власта за нивниот закон за државјанство, тие ќе го блокираат одложувањето на пописот.

Гаши и Села тврдат дека се уште не добиле покана за утрешната средба во Собранието која ја најави премиерот Заев за да се дискутира за закон за државјанство. Сепак велат дека се подготвени на компромис и за спорниот дел со тројца сведоци, ако се најде заедничко прифатливо решение. На средбата ќе присуствуваат и министрите на МВР и Правда, Спасовски и Маричиќ. Тие денеска не сакаа да откријат дали и каков предлог ќе стават на маса.

Алијанса и Алтернатива тврдат дека проблем со државјанството во земјава имаат неколку десетици илијади жители, но според анализите на МВР станува збор за околу 800 луѓе кои немаат никаков документ со кој би го регулирале статусот.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!