понеделник, 19 април, 2021

(ФОТО) БРАЗИЛСКА МАНЕКЕНКА, ангел на „Викторија Сикрет“ го загреа Инстаграм

Манекенката Емили Ратајковски уште одмана ја откри победничката формула за собирање десетици илјади лајкови и комплименти на разг0лени фотографии на социјалните мрежи, и дека сек-сапилoт продава скоро сè.

И младата, не помалку привлечна манекенка Лаис Рибеиро, сега постојан ангел на Викторија Сикрет, која само на Инстаграм ја следат повеќе од два милиони луѓе, успешно го следеше нејзиниот пример.

-Ти си божица – пишуваат нејзините обожаватели во коментарите.

Пред својата манекенска кариера, убавата 31-годишна Бразилка сакала да биде медицинска сестра, но по раѓањето на нејзиниот сега 13-годишен син Александар, по предлог на нејзин пријател, зачекорила во светот на моделот.

Своите први снимања и ревии ги направила во родниот Бразил, а многу бргу ги следи ангажманите за звучни ревии на познати дизајнери и брендови како што се Shiatzy Chen, Chanel, Louis Vuitton, Gucci, Dolce & Gabbana, Versace, DKNY, Dior, Roberto Cavalli и други.

За време на Модната недела во Бразил во 2011 година, Рибеиро беше најзафатена манекенка – направила дури 27 ревии. Снимена е за американскиот, бразилскиот, италијанскиот и германскиот Вог и била дел од серијата кампањи за Ралф Лорен, Кристијан Диор, Том Форд, ГАП…

Осум години беше главна на ревиите на „Викторијас сикрет“, а во 2012 година била спречена поради истегнување на глуждот за време на проба. Токму таа била избрана да носи градник од 2 милиони долари за време на модната ревија во Шангај во 2017 година.

Кога станува збор за љубовниот живот, познато е дека во 2014 година била во врска со американскиот кошаркар Џеред Хоман, но љубовта не опстана. Во септември 2018 година, започнала врска со НБА играчот Џоаким Ноа, со кого се вери една година подоцна.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!