Филипче: Разочаран сум од Пендаровски, ефектот од неговото влијание е нула

Министерот за здравство Венко Филипче е вечерва гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме со него за најновата ситуација со коронавирусот, а тука е и пулмологот д-р Дејан Докиќ.

Филипче го коментираше ставот на Пендаровски, кој денеска после Советот за безбедност, кажа дека е срам за државата што граѓаните викендов заминуваа во Србија на вакцинација.

Филипче одговори:

-Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините.

-Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји., рече Филипче.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари

error: Content is protected !!