Венко Филипче: Во април очекуваме вакцини од повеќе места

Денеска се завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините кои стигнаа во нашата држава на Астра Зенека да бидат пуштени во употреба, а денеска и утре тие ќе се дистрибуираат во сите градови во земјата и во среда ќе започне процесот на имунизација онака како што најавивме, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека 20 000 граѓани кои се веќе пријавени се на возраст над 75 години, во текот на денешниот и утрешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење во кој пункт и во кое точно време од среда натаму да се јават на вакцинација.

Во делот на масовна имунизација, како што најави, од утре почнуваат подготовки и во текот на следната недела ќе биде целосно подготвен големиот пункт во спортската сала Борис Трајковски.

Според најавите од кинеската Амбасада, додаде, тие интензивно работат во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт. Компанијата Фајзер го потврдила одговорот и во петокот стигнала потврда дека оваа недела треба да се потпишат договорите со земја челнка на ЕУ и тоа е повторно со компанијата Фајзер.

-Април ќе биде месец кога очекуваме вакцините да стигнат од повеќе места и после оваа приоритетна група граѓани над 65 години и други граѓани да се повикаат и да бидат вакцинирани, рече Филипче.

Во однос на болниците изминатата недела, посебно викендов, Филипче рече дека огромен број пациенти побарале болничка заштита. Посочи дека со сите директори на јавно здравствените установи каде се лекуваат пациенти на Ковид-19 направиле целосна организација.

Порача граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи, како што рече, ова е специфичен период.

-Има доволно болнички места, нема потреба за паника, но со почитување на мерките сите помагаме трансмисијата на вирусот да се намали, додаде Филипче.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!