понеделник, 21 јуни, 2021

Еве што е потребно за да можете да ЛЕТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА

Година на летување во Грција ќе можат да одат сите лица кои ќе приложат дека потврда дека се вакцинирани со било која вакцина проитв Ковид-19, со негативен ПЦР тест или брз тест, а грчките граници најверојатно ќе бидат отворени кон средината на април, иако сезоната официјално започнува на 14 мај, соопштија денеска во Белград министрите на туризам на Србија и Грција, Татјана Матиќ и Харис Теохарис.

Двајцата министри денеска потпишаа Меморандум за сертификација на вакцинацијата.

Грчкиот министер на прес-конференција рече дека неговата земја ќе ги прифати вакцинираните со сите вакцини, вклучувајќи ги кинеските и руските, иако се уште не се прифатени на ниво на ЕУ.

По состанокот беше објавено дека туристие ќе можат да одат во Грција кон средината на април, односно дека се очекува тогаш да се отворат границите.

Исто така, Србите ќе можат да влезат во земјата и преку Македонија и преку Бугарија.

„Со цел да се нормализира туристичката индустрија, потпишавме заедничка изјава со печат на нашите две земји. Ние мора да ги обезбедиме сите услови за патување. Србија забележа подобар напредок во имунизацијата од нашата земја и се надевам дека набрзо ќе биде исто и кај нас“, нагласи Теохарис.

Извор: info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!