понеделник, 19 април, 2021

(ВИДЕО) Трајковски, 2 гола за 2 минути: Македонија блиску до прва победа

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски на втор натпревар во низа во квалификациите за СП 2022 се запиша во листата на стрелците и направи чекор напред на вечната листа на стрелци на Македонија.

Офанзивниот играч по голот на гости кај Романија погоди и со Лихтенштајн, откако доби топка од Енис Барди и лесно ја смести во мрежата од самата гол-линија.

Така, Трајковски го скокна Ѓорѓи Христов на „вечната листа“ и сега е втор, зад Горан Пандев.

Само три минути подоцна, Трајковски пак се запиша во листата на стрелците по еден влез и шут од работ на казнениот простор и го подобри рекордот во националниот тим.

Александар Трајковски зад своето име во дресот на Македонија има 18 постигнати гола. 

Видеото можете да по погледнете ТУКА.

Извор: gol.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!