понеделник, 19 април, 2021

ПЕТАРДА: Македонија со 5:0 го победи Лихтенштајн

Македонија со 5:0 го победи Лихтенштајн во 2.коло од квалификациската група Ј за пласман на СП. Ова  е рекордна победа на нашата репрезентација на свој терен.

Во целост ја пренесуваме објавата на Спорт Медиа: ПЕТАРДА. Македонија го газеше пациентот, си поигруваше со него и на крај го победи со 5:0. Досега сме имае победи на свој терен со по 4:0, но оваа 5:0 посебно импресионира. Според играта, но и според релаизацијата на шансите.

Се почна со Барди, потоа голеадата ја продолжи Трајковски со два гола, па Елмас и на крај Несторовски.

Почнавме доминантно, веднаш ставивме до знаење кој е кој. Првата шанса ја имавме уште во 5.минута преку капитенот Горан Пандев, но голманот на гостите го одбрани неговиот удар. Затоа две минути подоцна гол, и тоа каков. Мајсторија на Енис Барди од слободен удар крајно одесно. Бухел мислеше дека Барди ќе центрира, но мислеше, а нашиот фудбалски мајстор шутираше директно во голот. Бадијала беше интервенцијата на Бухел, само го потврди нашето водство.

Веќе во 12.минута нов слободен удар за Барди, и нова мајсторија, која сега заврши во пречката. Штета, тоа ќе беше уште еден ефектен гол.

Лихтенштајн претежно се бранеше, ретки беа излетите на нашата половина, упте поретки акциите пред нашиот гол. Сепак во 17.минута за малку гол. Фрик од околу 35 метри упати удар, Димитриевски среќно и со помош на Муслиу сепак ја сочува својата мрежа. Пандев во 37.минута имаше уште една шанса, но Бухел и овојпат одбрана. Па така на пауза се замина со минимално водство на Македонија од 1:0.

ТРАЈКОВСКИ ГИ РЕШЕТА ГОСТИТЕ

Како што заврши првото, така започна второто полувреме, со голема шанса за Пандев, но одново нема гол за 2:0. И тогаш три минути во “режија“ на Алекс Трајковски. Прво во 51.минута од непосредна близина го потврди голот, за да во 54.со силен и прецизен шут од 12-13 метри зголеми на 3:0.

Неколку минути подоцна следуваше тројна замена кај нашите, мора се чуваат силите за со Германија. Влегоа, Николов, Несторовски и Бејтулаи. Но ние запираме, Нестор му асистира на Елмас, а овој зголемува на 4:0 во таа 62.минута.

И тоа не беше се. Несторовски во 82.минута од пенал во паненка стил стрелаше за 5:0.

Ова беше рекордно демолирање, рекордна победа на Македонија на домашен терен.

Извор: sportmedia.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!