Филипче: Пристигнаа вакцините од Астра Зенека – Еве кои граѓани ќе бидат повикани први за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче утрово ги пречека првите дози од вакцината АстраЗенека, односно 24.000 дози, а до крајот на април најави дека во земјава ќе пристигнат уште.

-Имавме добри вести вчера и од Европската Унија. Во месец април треба да пристагнат и други вакцини од Кина. Сите пријавени од ризичните групи, според приоритетите, ќе бидат повикувани.

Тој најави дека први за вакцинација ќе бидат околу 20.000 граѓани со над 75 години, кои што веќе се пријавени и кои имаат хронични болести.

Тоа што сега го знаеме е дека во месец април, и преку Ковакс системот, треба да пристигнат дополнителни 76.000 дози повторно од производителот АстраЗенека, истакна министерот Филипче.

На прашање каде е произведена вакцината, тој рече дека е корејска и дека ќе се чува во фрижидерите во здравствените домови.

-Вакцините кои се произведени во Кореја, ќе се чуваат на температура од 2 до 8 степени, што значи буквално во секој град може да се чува и да се дистрбуира понатаму, рече Филипче.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!