понеделник, 19 април, 2021

Црни прогнози од германски експерти: Третиот бран на коронавирусот би можел да биде најлошиот досега

Третиот бран на коронавирусот во Германија би можел да се претвори во најлошиот досега, со потенцијални 100 илјади нови случаи дневно.

Ова го изјавил денеска Лотар Вилер, директорот на германскиот Институт Роберт Кох.

Бројот на нови потврдени случаи со коронавирусот во Германија се зголеми последните неколку недели предизвикан од британскиот сој познат како Б117, и првите чекори за ублажување на мерките.

„Постојат јасни сигнали дека овој бран ќе биде полош од првите два“, рече Вилер додека ги повика сите да останат дома во текот на Велигден.

„Пред нас се многу тешки недели“.

Министерот за здравство Јенс Шпан, рече дека Германија во завршна фаза на „пандемискиот маратон“, но предупреди дека здравствениот систем во земјата би можел да ја достигне својата граница во април.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари

error: Content is protected !!