(ФОТО) 23- годишна мајка веќе има 11 деца, со сопругот-милионер планираат да имаат над 100 деца

Кристина Озтурк на само 23-годишна возраст веќе е мајка на 11 деца. Младата Русинка и нејзиниот 56-годишен сопруг Мет не планираат да запрат тука и сакаат уште поголемо семејство.

Кристина и Мет велат дека се надеваат дека ќе имаат над 100 деца. Тие добија 10 бебиња во 10 месеци, благодарение на сурогат-мајки. „Не знам колку многу ќе бидат, но сигурно не планираме да запреме на 10“ – вели Кристина.

Кристина и Мет се запознале за време на нејзин одмор во Грузија, кога таа била самохрана мајка на едно дете. Разликата во годините не била никаква пречка за нив и за кратко време одлучиле да се венчаат.

„Толку е лесно да се биде со неа, секогаш има насмевка на усните, а истовремено е срамежлива и мистериозна. Таа е таква жена со каква што отсекогаш сум сакал да бидам, дијамант со чисто и искрено срце“ – вели 56-годишниот милионер.

Една бременост со сурогат-мајка нив ги чини околу 10.000 долари. „Не се запознаваме лично со сурогат-мајките и немаме директни контакти со нив за да ги избегнеме проблемите по бременоста“ – објаснила Кристина и додала дека за целиот процес се грижи болницата во Батуми.

„Јас ја родив мојата најстара ќерка Вика пред шест години. Останатите деца биолошки се наши, од мојот сопруг и од мене, но се носени од сурогати“ – објаснува таа.

Извор: femina.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!