понеделник, 18 октомври, 2021

Пожар во Струмица: Лице пронајдено во безсознание поради густиот чад

Едно лице паднато во безсознание поради густ чад било итно извлечено од пожарникарите во Струмица, откако настанал пожар во неговата куќа.

-Со 1 ПП возило и 5 пожарникари спасители учестувавме во гаснење на запалена куќа. При претрага на вториот кат во една од просториите е најдено лице паднато во бесознание поради густиот чад.

-Лицето е извлечено и е извршена реанимација по што е предадено на екипа на брза помош. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран, информираат од ТППЕ во Струмица.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари

error: Content is protected !!