понеделник, 15 август, 2022

Груевски живеел во два споени стана од 140 квадрати, а уште два стана користел како работен кабинет и библиотека

Екс премиерот Никола Груевски во зградата на улицата Павел Шатев, или поранешна Бихаќка, живеел во два споени стана, со вкупна површина од над 140 квадратни метри, но тоа не е сѐ.

Како што неодамна објави неделникот „Фокус“, тој располагал со уште два соседни стана во истата зграда, од кои едниот е со големина од 57 квадратни метри и плус 8 квадрати балкони, а официјално е запишан на име на правен субјект, односно на фирма.

Денеска истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, влегоа и во останатите два стана, по што открија дека Груевски едниот го користел како работен кабинет, а вториот како библиотека.

По ова, тајните станови на бегалецот Груевски излегуваат на виделина, а освен со станови, обвинителството во истрагата за случајот „Плацевите на Водно“ откри дека располага и со плацеви со вкупна површина од околу 20.000 метри квадратни.

Кога обвинителството кога ја отворија истрагата споделија дека најпрвин Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиски донации што ги добивал лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра.

Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница. Но очигледно е дека истрагата веќе забрзано се шири.

Предметот беше отворен од веќе згаснатото СЈО, а надлежен обвинител е Лиле Стефанова.

Извор: fokus.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!