Две лица повредени во тешка сообраќајка

По сообраќајка на патот с.Кондово-с.Радуша двајца возачи биле повредени и пренесени во Градската болница.

Според пријавеното, на 21.03.2021 во 21,30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Кондово-с.Радуша се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(36) од с.Радуша, скопско и патничко моторно возило „венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Љ.(28) од с.Сарај, скопско,.

По незгодата сопатникот од патничко моторно возило„венто“ – И.Љ.(52) од с.Сарај, и возачот на патничко моторно возило„форд мондео“ – Б.А. биле пренесени во Градската општа болница„Св.Наум Охридски“, каде кај И.Љ. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Б.А. биле констатирани повреди.

На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!