понеделник, 19 април, 2021

Дијаспората се попишува: Каде има поголем, а каде помал одзив?

Расте интересот на иселениците за самопопишување преку електронска апликација. Минатиов викенд се попишаа над 20 илјади иселеници, а вкупниот број на попишани наши граѓани во странство засега надмина 121 илјада, пренесува локално.мк

-Поголем одзив има во Швајцарија, Германија и Италија, а помал во САД, и Австралија. Сите обиди за потикнување на бојкот и разни иницијативи „не отварам врата“ и слично тоа се постапки кои треба да се занимава некој друг.

-Во законот прецизно е наведено што значи попречување и потикнување на бојкот и потикнување да не се учествува во пописот.

Но сигурни сме дека кај населението ќе преовлада здравиот разум и чуството за потребност и итност да се спроведе пописот и да се добијат овие неопходни податоци, истакна Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Од Владата не гледаат причина за одложување на пописот. Ги повикуваат граѓаните и партиите, вклучително и опозицијата, позитивно да придонесат за статистичката операција.

-Правиме се што е потребно за заштита на населението. Имаме прецизни протоколи, скроени за безбедно спроведување. Подготвени сме за секој детал, за секоја ситуација и сите постапки течат непречено. Протоколот го изработи Комисијата за заразни болести.

-Стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите. Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, по сите стандарди без застој. Овие протоколи и досега давале целосна заштита во други процеси, вели портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Пописот почна на 1 март со дијаспората. Во оваа фаза се попишуваа дипломатите и нивните семејства кои живеат надвор од земјата, лицата во казнено-поправните установи и во воспитно-поправните установи, припадниците на Армијата на РСМ и бездомните лица.

Другите граѓани што не спаѓаат во овие категории од населението ќе треба да се попишат во периодот од 1 до 21 април.

Извор: lokalno.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!