Тито знаел што ќе ја растури Југославија!!

Историчарот Вејнцеслав Ценчиќ ја објави книгата „Последната исповед на Тито“ , дваесетина години по смртта на претседателот Југославија Јосип Броз Тито, книгата е некоја врста на политички тестамент на Тито , кои дава една сосема поинаква слика за ликот и делото на легендарниот претседател кој остави неизбришлив траг во историјата на екс Југославија.

Книгата е составена од стенографски белешки од легендарниот говор на Тито во Караѓорѓиев во декември во 1979 година, и разговор кој го водел со Јосип Копиниќ , за кој многумина велат дека е најзначајниот југословенски разузнавач на сите времиња.

Откако беше оспорувана нејзината автентичност оваа возбудлива книга на некој начин ја дели судбината на својот главен лик и актер, фален , а потоа и неумероно оспоруван Јосип Броз Тито.

-Бев против Уставот од 1974. Бев против на покраините да им се даде државност и против делови на Уставот кои им овозможуваат на републиките издвојување од федерацијата без договор со останатите републики, односно референдум на целата земја.

-И тогаш, а и сега на вас ви повторувам дека тоа „зло“ од овие уставни права на покраините ќе ја растурат Југославија. Знаев дека безбедносната состојба во Косово е лоша, но не знаев дека и односите на нашите републики се паднати на толку ниски гранки.

-Другари, морам да ви кажам кога е во прашање Косово дека сите кои гласаа за Уставот од 1974 година ќе бидат виновни за судбината на Југославија.

-Размислував и си реков во себе:„ Човече и ти би требало сам да си одредиш наследник“. Размислував и на хартија неколку млади но искусни раководители и се одлучив за двајца. Мико Трипун и Рато Дугоњиќ.

-Пишувајќи се сетив на Иво Лола Рибар , бидејќи секогаш во шега велев, а мислав дека тоа сум му го кажал на Копиниќ , дека тој ќе биде мојот наследник. Таа информација „ се појави“ за време на војната , по што Хабранг се најде погоден и одлучи да се свети и организираше ликвидација на Лола.

За мојот наследник не му зборувам никому освен на Јованка, а таа како што ми тврдеше на шега му кажала на Стево. Тој податок веднаш „протече“ до Владо и Бевец.

Ниту правнуците нема да ни простат задолжување. По донесувањето на Уставот , републиките во согласност со Федерацијата во последните неколку години се задолжија повеќе од 10 милијарди долари, тоа е зло и нешто непростливо за земјата , изјави Тито.

Јас како претседател на државата одбив да го потпишам договорот за задолжување, а Бакариќ кој беше мој заменик го потпиша.

Голи оток го создаде Кардељ, предложувајќи таму да се изолираат сите кои се изјасниле за Резолуцијата, тие да бидат изолирани на еден остров.

Поради Голи оток јас не добив Нобелова награда за мир, иако повеќе од сто претседатели на држави го предлагаа тоа, пишува во книгата „„Последната исповед на Тито“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!